Под мотото „Амбасада на мајсторство“ руските музичарки Ана Грот на пијано и Полина Борисова на виолина, блеснаа со целиот уметнички дар на виртуози во ЦК „Марко Цепенков“. Во ехото на хармонични струни на виолината и галежот на кралот на инструментите, клавирот, Борисова изјави дека е воодушевена од топлиот прием, а Грот потенцира дека прилепската публика е многу музикална.