БАРАБАНЏИИ

Мајтапења

– Море да не беа радијана, телевизиине и весницине, шо че прајвме. Не че знајвме шо се случува во градов, а не во државава – вели колку да се најде во муабет еден од помладине пензионери во светилиштено за драпачки и мајтапења.

– Шо че беше, вол че се телеше. Ами во времето на деда и татка да не имаше радиа и телевизи, телевони, морбилни, ко и велите оние шо и сакате појчкем од жените  – одговори едно човече колку високо, толку широко.

– Дркул, не туку јади трици, да не ти ја одврта неко, та три дена да се чешаш  – се навреди новопечениот пензионер.

– Оти така му се каниш, дете. Не ти ја окара мајката, па да се лутиш -сакаше ем да го скара, ем да го смири еден од сеирџиите.

– Знајш како се велеше во наше време, а?

– Не знам, стрико. И ти потсоберисија опашката да не ти ја поткинам, море вампир – не се прибра новајлијата!

– Е, е, ќе ја дотеравте до чотек – влезе мејѓу тројцата стрико Рампо.

– Остај го чоекот нека кажи како велеле во старо време, па да ја смириме работава, дете.

– Абе Рампо и ти знајш, не си помал од мене,.

– Чоек, можи да знам, можи да незнам. Туку, ај кажи.

– Ако тропа барабанџија, гласо е од градската управа, а ако вика суруџија поткачен на повисоко, гласо е од селското раководство, така знаеја лујџето од кај иди аберо.

– Дете, за ваква информација се плајча каве, не се врајча со чотек – остана задоволен од кажаното стрико Рампо.

– Стрико, речи му на сезнајково да го допрај муабето, за да си седам мирно на газо – се огласи насилникот.

– Чоек, не чекај маслинка, кажи како не информираа за сî во наше време.

– Че кажам бе. Че го викне Дуче барабанџијата кај претседатело водборо. Че го седне на сандалија, а претседатело че дојше до него, че се наведеше до увото, зошто беше малку наглув и неписмен. От ко че му кажеше шо имало ново да кажи на грајџаните, Дуче че го земеше барабанчето враце и че прошеташе низ град. То шо му беше кажано на цел глас го кажуваше, ете така беше Рампо, али не беше, а?

– Море беше и то салам, чоек и лујџе, дури нам на децата Дуче и ни баеше – се огласи стрико Цане.

– Како ви баеше Цане, а?

– Остатај ја та работа. Глеш имаме и пензионерки. Другпат че ви кажам – се одбрани Цане.

– И во Варош имаше тапанџија, ама и суруџија, али сте слушнале, али не – се јави еден варошанец?

– Од кај да знајме ние грацкиве – му светна очињата на куртулисаниот.

– Ти градски, па се си знајл – не се согласи со дебелиот варошанецот.

– Не тегни ја, кажи ко беше во Варош – го опомена стрико Цане.

– Ако имаше абер од кмето, од црквите и манастирите, на барабан тропаше и низ село шеташе Мице Рокан. Ако беше за нешто шогоде или инвормација од селаните за стоката, за житото, за орање, жниење или за свадба сред село, че викаше суруџијата.

– Кој беше толку јак на грло, па цел Варош да го слушни – не поверуваа многумина.

– Кој беше?

-Стеван Арапо. Че се качеше на кабајна, ко че свикаше небаре земјотресение или некој арслан од Аврика се има налутено. Најмногу се плашевме, децата, некое од нас че ги наполнеше гајчите од страв.

– И ти да не ги наполни дури кажуваше. Тро ко потклекнат ми си – се огласи градскиот, а се смееа драпачите.                                     

ДДБ

Loading