Историја
Прилепчаните најмногу се радуваат на фудбалските успеси. Екипата на Победа во 2002 година го освои Купот преку триумфот од 3-1 со Цементарница во Струмица. По тој повод, шест дена подоцна се печеше вол, за време на првенствениот меч со Цементарница (7-3). Никој не аплаудираше оти на трибина бесплатно сите јадеа месо и пиеја пиво. Гозбата се повтори 2004 година при освојувањето на првата шампионска титула, на мечот со Слога (2-0).
Еден вол преживеа во 2000 година, кога на куп-финалето Победа загуби од Слога со 0-6.
![]()

