За пролетните денови како лесен оброк добро годи салата со тестенини. Потребнни се 350 гр. зготвени и исцедени тестенини, 200 гр. варен грашок, 160 гр. Туна, 4 лажици мајонез, 200 гр. шери домати, свежа пиперка, 195 гр. варена пченка.
Откако ќе се зготват и процедат сите состојки, се мешаат во сад, а потоа се додаваат 4 лажици мајонез и пак се меша. Се зачинува по желба.