ТРЦКО Е НУНКОТО НА ЛАЈНАРКА

Ристо Трцко држел касапница во пазарот во Прилеп. Сите мариовци продавале кожи и купувале месо, пастрма од кај него, оти тој знаел мајсторски да ја прави пастрмата и меленото месо.

Бил скржав, циција по карактер, поткусувач и арамија. Дури и Насредин Хоџа и Итар Пејо биле неколкупати прелагани. Тие решиле да му вратат. Го заклале мулето и му го продале за јаречко месо. На Трцка му се бендисувало црвеното месо и го сомлел и на Св. Ѓорѓија. Ги свикал роднините и пријателите на гости. За не цел саат му се збурбатило и почнале едно за друго да го посетуваат алето.  Чинеле, еден оди друг врати се. Не ги спасило ниту кожните гајчи. Се бербатосале, та и реката прилепска ја извалкале. Та и реката се загадила од пуштениот измет. Оттогаш реката ја завикале Лајнарка.

Loading