Губењето на косата не го загрозува човечкиот живот, ниту виталните функции. Но, човекот е заинтересиран за изгледот, обемот и за квалитетот на косата. Кај жените таа претставува симбол на женственост, а кај спротивниот пол традиционална асоцијација на машкост. Опаѓањето на косата за многу мажи е тежок удар, а за жените е катастрофа. Затоа не зачудува што косата уште е култ на почитување. И последниве децении стојат загатките од минатото.
Од најстарите времиња, ќелавоста загрижувала и поттикнувала на верски обреди на бркање на лошиот дух. Не е изгубена мистиката и продолжува и религиозното разбирање. Ќелавоста влијае на психата. Стравот од губење на косата често е извор на нервози, притеснетост. Губењето на косата кај многу мажи влијае врз психата. Се повлекуваат, избегнуваат друштво и страдаат од комплекс на пониска вредност. Психичката потиштеност не е трајна. Лицето се навикнува на ќелавоста и подоцна не му прави особен проблем. Затоа се вели дека не е тешка ќелавоста, но ужасно тешко е ќелавењето. За жените е неприфатливо, вознемирувачко и претставува силно психичко оптоварување, без разлика на возраста. Опаѓањето на косата се јавува кај двата пола во различни возрасти. Кај жените поретко, а кај мажите се препознава како прогресивно проретчување. Опаѓањето почнува главно во третата декада од животот.
Современата медицина не располага со средства за ефикасно лекување. Терапијата не е успешна, а болеста го следи генетичкиот курс.
Еден многу лесен и ефтин рецепт за третирање на коренот на косата дава резултати ако сте упорни и дисциплинирани. Потребни се супена лажица рицинусово масло, супена лажица бадемово масло, супена лажица пантенол раствор, една жолчка и неколку капки свеж лимон. Сето ова се мати кратко да се изедначи масата и се нанесува на коренот на косата, прамен по прамен, како при обојување. По еден час ќе се стврдне од жолчката и лимонот, но не се нервирајте. Се мие косата со топла вода. Потоа косата се мие вообичаено, се шампонира, се плакне убаво, се суши со крпа или со фен. По неколку третмани косата станува сјајна, не паѓа неприродно многу, цврсто е влакното и почнува да расте, особено е видно на местата каде била најслаба или опаднала.