ПРКОСОТ НА ПЕЧАТОТ

100 5026

Не една, не две, туку полни 10 години излегува неделниот весник Зенит. Едиственото прилепско гласило кое секој петок е омиленото четиво во рацете на прилепчани од 7 до 77 години, наполни една деценија постоење во медиумскиот простор.

Na socijaldemokratite sekogas im lezel Zenit duri i na godisninata

Ако започна како своевиден проект, уште помалку како идеја ставена како предизвик пред група професионални новинари, желбата, трудот и упорноста го претворија неделникот Зенит во весник на кој прилепчани му веруваат, се информираат и го поддржуваат.

I kolegite citaat Zenit

Пожртвуваноста на основачите, нивната доследност кон објективното известување го направи гласилото хроничар на времето и случувањата. Токму оптимизмот и настојчивоста да се одржи неделникот, покрај налетот на информациите кои ги добиваме на мобилните телефони од сајтовите, го модифицираа и весникот. Од издание во црно – бела техника, денеска читателите го имаат нивниот и наш Зенит во колор и формат кој е поприлагодлив за уживање со петочното утринско кафе.

i na funkcionerite im legna Zenit - gradonacalnikot Marjan Risteski

Печатеното издание го следи потоа и елктронската верзија на веб страницата и на Фејсбук. Во приказните во Зенит, во информациите, по фотките на неделата воздивнуваат и коментираат не само прилепските, туку и читателите во повеќето европски земји, па дури од другите континенти.

Italijanci so Zenit

Пркоси Зенит, и покрај налетот на суровите услови на пазарот, со силата која ја остава за век и на век, затоа што весникот остава печат на времето кој не се брише, не исчезнува, останува…

Vo Zenit najduvaat svoe katce i mladite

Заедно продолжуваме во втората деценија од опстојувањето! 

Zenit atraktiven za kineskite gosti

100 5077

Loading