Ракомет
Продолжува плеј-аутот во Супер лигата за мажи. Екипата на Прилеп бара „сламка“ за спас од баражот на преостанатите пет меча. Првиот е викендов со Металург 2. Домашниот тим нема триумф пролетва и ќе ги вложи сите сили да дојде до него. Предизвик е табелата, каде води Радовиш со 29, пред Борец со 15, Металург 2 со 14, Вардар јуниор со 13 и Прилеп со 10.
Во Женската лига, по поразот дома од шампионот Вардар (16-43), викендов е уште еден дуел дома, со Вардар јуниор.