ПЕНЗИОНЕРКИТЕ ДВА ДЕНА ВО БУГАРИЈА

P4216711

Незаборавна дводневна екскурзија во Бугарија имаа шеесетина пензионерки, членки на активот на жени при Здружението на пензионерите. Првин ја „открија“ Софија, воодушевувајќи се на црквата Св. Александар Невски. Без разлика на напорната тура за возраста, се вратија со незаборавни  впечатоци од духовниот центар на христијанството, Рилскиот манастир.

За жените од третото доба интересни биле и посетите на Благоевград, па Мелник, Роженскиот манастир и градот Сандански. Почит оддале на гробот на македонскиот револуционер Јане Сандански на одбележувањето на 103 годишнината од смртта. Кај пензионерките, главно баби, предизвикало љубопитство куќата и месноста Рупите на Баба Ванѓа.

Loading