ОСТАНУВААТ ШАТОРИТЕ ПРЕД ВЛАДАТА

Еурокомпозит

Satori na Eirokompozit vo skopje

Вработените на Еурокомпозит кои протестираа пред владата и поставија шатори не постигнаа договор со премиерот Зоран Заев. Според Роберт Богданоски, претседателот на синдикатот на Еурокомпозит, точка на сопнување бил рокот за платите за вработените. Протестот пред владата останува.

-Се согласивме на предлогот во рок од 3 месеци да тече постапката за решавање на состојбата во фабриката, да се распише тендер, да се објави за да се пријават стратегиски партнери, зашто имало три-четри заинтересирани компании. Во меѓувреме да тече постапката за 100 до 120 работници да заминат технолошки вишок. Не се согласивме за исплатата на платите за 30 дена. Доколку ни се исплатат платите веднаш, ние ќе се вратиме на работа.- изјави Богданоски, потврдувајќи дека остануваат со шаторите во паркот пред владата во Скопје.

Работниците најавија продолжување на изразите на незадоволства со прошетки низ улиците и блокада на патиштата, а турска бизнис и политичка  делегација се очекува да ги провери производствените капацитети на фабриката за наменско производство.

Loading