Бабини марифети

Бабите умеат да ја сочуваат белината на алиштата, да ги отстранат дамките и да ги негуваат нежните ткаенини. Еве неколку вештини и совети кои помагаат во одржувањето на домаќинството од нашите баби.
Плетените работи перете ги на рака, во спротивно ќе добиете туткано ќебе.
Повторно да сјаат кадифените материјали протријте ги со четка и сол.
Гумата за џвакање ќе ја извадите од облеката ако облеката ја чувате во фрижидер еден час.
Пожолтената јака се чисти со паста за заби или оцет со кои првин се трие материјалот, па потоа се пере.
Волнените работи ќе останат меки ако во претпоследното перење додадете оцет, а во последното глицерин. За да не се соберат, перете во млака вода без сапун.
Вратете им ја убавината на темните волнени работи со перењесо половина литар млака вода и 10 г. чист тутун.
Перената облека ќе биде уште помека со додавање на сол или оцет при последното перење.
![]()

