МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (16)

feljtonФељтон: Белешките на Томе Велјановски

– Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект.

Број 8: Жени вдовици во Марул кои не се премажиле за други мажи

7. Колевски Бошев Марко женет за Јованоска Ѓорчева Грозда од с. Марул. Марко и Грозда имаат три деца: Спаса, Анѓеле и Цветанка. Родителите умреле, умрело и братчето Анѓеле во 1917 година. Дедо му Боше, без бабата Праќа Бучиноска од с. Ношпал, умрена, двете внучиња ги преживеал во заедница со братот Трајан Колески. Внуките Спаса и Цветанка порастиле, се омажиле, си имаат потомство.

8. Дамјаноски Василов Стојан женет за Благуна Гулеска од с. Мојно. Стојан и Благуна имаат две деца: Васко и Милан. Мајката Благуна умрела во 1916 година. Васко и Милан, сирачината со помош на дедо му Васил ја преживеале војната во заедница со бабата Ристана Дамјаница. Во 1905 година Васил враќајќи се со коњ од пазар од Битола, канатларските џелати Исламовци и Пардиовци од заседа во долчето во Суви ливади го пукале Васил, му ја скршиле вилицата, коњо со грабинање си дошол во гумното и умрел. Васил до неговото умирање до 1917 година се хранел само со каша.

9. Велјановски Јовчев Велјан Ганачо женет за Славкоска Стојна од с. Бонче. Велјан и Стојна имаат три деца: Ристе, Велика и Петра. Велјан и Петра умираат во 1917 година. Синот Јовчески Велјанов Ристе женет за Степаноска Трајана од с. Лопатица, прилепско. Ристе и Трајана имаат две деца: Гроздан 1909 и Ванѓел 1912 година. Гроздан умрел заедно со баба му Стојна во 1917 година од овтика. Додека девојката Петра била силована од француските авантуристи војници од Африка кои биле покасно заклани со секира во село Штавица. Оваа фамилија е заедничка фамилија на Велјан и Ристе. Тетката Велика и внучето Вангел ја преживеале војната, се удомиле, имаат свои потомства. 

10. Стојаноски Котев Илија женет за Бозгеска Елена од село Марул. Илија и Елена имаат дете Стојан, преживеано од повеќето родени деца. Во 1913 година Илија се враќа од Америка за ослободување на Македонија. Србите го мобилизираа војник. Во 1915 година потпаѓа бугарски војник. Под бугарската воена команда го отерува на фронтот на Добружа против румунската војска. Неговата кажувана глетка од тој фронт е многу страшна. Бугарската војска кај градот Русе во Северна Бугарија е превала реката Дунав. Румунската војска притисната од австро – унгарската војска се дала во бегство. Бугарската коњаница оди во напад, чинела стигни го романскиот војник, мавни со сабјата на војникот по врат, пресечи му ја главата. Војникот топол оди повеќе чекори без глава. Ова било одмазда затоа што во 1913 година румунската војска кога влегла во Бугарија односно румунската коњаница од рацете на бугарските деца правеле обесени ѓердани на коњите. Војната завршува во 1918 година, Илија од фронтот со еден куршум во главата си доваѓа дома кој го носеше доживотно. Жената Елена не ја навоѓа жива. Умрела во 1916 година. Стојан детето го гледа дедото Коте Чурлин и стрина му Јана Божиница. Илија се преженува во 1919 година за Велика Вршкоска од село Ерековци. Илија и Велика родуваат 4 деца. Стојан  детето на 8 години во 1922 година капејќи се со другарчињата во виро во Грамада се удави. Илија Котески беше историчар, раскажувач за минатото како да читаше. Умре во 1972 година на 96 стари години.

11. Таневски Ристев Велјан женет за Мицоска Божна од село Штавица. Од повеќето нивни родени деца останати две живи. Ордан 1908 година и Димко 1913 година. Децата немаат многу среќа со мајка му.  Таа во месец декември 1913 година умре. Децата остануваат сирачиња, за грижа на татко му Велјан и дедо му Ристе. Велјан во 1915 година есента заробен од бугарската војска како српски војник го отеруваат на фронтот кај Битола против Французите. Бил тешко ранет, го пуштиле на домашно лекување. Велјан во 1916 година им подлегнал на раните. Неговите деца Ордан и Димко останале на грижа на останатите домашни, на дедо му Ристе завиткани во долгиот кожув поред огништето за да се топлат. Летото во 1917 година доаѓаат неколку бугарски војници, му го побаруваат магарето на стариот Ристе. Тој не го дава, најверојатно го барале за в казан. Дошло и до физичка пресметка, војниците на Ристе му го повредиле, скршиле палецот на раката со соро кој бил закачен на самарот на магарето. Од повредата на палецо стариот 73 годишен Ристе умрел. Грижата за децата ја презела стрината Стојаница Анѓа, ги одрастите и удомиле децата. Децата си имаат потомство.

12. Мурџески Јованов Стојан е женет за Јованоска Митрева Темјана од село Марул. Стојан и Темјана имаат две деца: Видан 1909 и Блаже 1914 година. Стојан таткото бил пуштен од фронтот на домашно лекување. Кога се пренесила чумата колерата од Чумово во Марул, Стојан бил дома. Поред повеќето умрени Мурџиевци од сипаницата умреле Стојан и неговата жена Темјана. Тетка му Маса сестра на мајка му Темјана мажена во село Клепач за Трајан Милески ги зел внучињата кај нејзе. Блаже го порастила и го дала домазет кај Бошевци во село Ношпал, таму има потомство. Постарото братче Видан после Првата светска војна како да го присвоила некоја српска фамилија од градот Петроварадин, Нови Сад во Војводина. Видан таму завршил занает кондураџиски, чевлар. Видан се вратил во Прилеп и работеше чевлар до старосни години. Еве една мала биографија добиена од неговото потомство. Во еден разговор со нив во 2004 година, Јованоски Стојанов Видан роден во 1909 година во село Марул, сопругата Викторија родена во село Плетвар 1918 година, почина 1990 година. Видан и Викторија имаат три деца: првото дете Кирил Јованоски роден на 9.10.1943 година, живееше во Скопје до својата смрт, почина на 22.08.2002 година. Две недели по него почина таткото Видан 6.09. 2002 година. Неговиот втор син Тодор роден 3.03. 1946 година живее во Прилеп исто и ќерката Марија Настоска родена на 1.03.1952 година, живее во Прилеп.   

Продолжува

Loading