КАМИОНИТЕ СО МЕРМЕР НА НОВА ОБИКОЛНИЦА

В година

IMG 1009

Се реконструира патот до езерото долг 8 км, за кој се издвоени 20 милиони денари, од кои по 10 милиони денари од ЈП за државни патишта и локалната самоуправа.

-Годинава за ЈП за државни патишта се обезбедени преку 270 милиони евра за автопати, експресни и регионални патишта, за реконструкција и рехабилитација – изјави Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски.

Градоначалникот Илија Јованоски најави реконструкција и на регионалните патишта Прилеп – Крушево и Прилеп – Македонски Брод.

-Камионите да не ги користат градските улици планирана е обиколница за товарните возила со мермер. Обиколницата ќе се гради од рудникот Сивец до регионалниот пат кај Плетвар, во должина од околу 6 км. Се работи документацијата, а изградбата се очекува следната година – рече Јованоски.

Loading