Промоција на стихозбирка
„Поетот и стиховите“ е поетската збирка од Божана Трнеческа што ќе биде промовирана на 10 мај во 18 часот во библиотеката. За првата стихозбирка на Тренческа, која е член на Клубот на литературни творци Прилеп, ќе говори Мирјанка Р. Селчанц, а поезија ќе чита Снежана Паноска.
Поетесата пее за осаменоста, за загубата на друшката, за енергијата на животот, кога се чекори со сопатник, кога се споделува тагата и радоста, но сé минува. Со силни нерамковни стихови се нурнува во сите сегменти од животот. Ги доловува чувствата со одбрани зборови од кои бие срцето од возбуда.
![]()

