АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Наместо добриот збор да отвора секоја врата се повеќе се користи калаузот.

Х

Не успеаја со отпадот па сега се обидуваат да го рециклираат народот.

Х

Независните се непријатели и за позицијата и за опозицијата…

Х

Минатата година беше лоша. Оваа барем да не потфрли.

Х

Дали и на политичкиот пазар постои сива економија?!

Х

Има еден задник, а седи на три столчиња.

Х

Ги затвори очите пред неправилностите, а веднаш му се отворија џебовите.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading