Концерт
„Амбасада на мајсторство“ е концертот на руски музичарки што ќе се одржи вторник, на 8 мај од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ за Денот на победата, 9 мај. Концертот е соработка со Амбасадата на Руската федерација и Санкпетербуршкиот дом на музиката. На пијано ќе настапи Ана Грот, а на виолина Полина Борисова. На програмата ќе бидат дела од Рахманинов, Шопен, Барток, Брамс..
Домот на музиката во Санкт Петербург ја развива класичната музика, ги зачувува изведувачките традиции и подготвува млади руски музичари за меѓународни натпревари и фестивали.
![]()

