ЗДРАВ ЈАПОНСКИ ОБРОК

japan

Начинот на исхрана во Јапонија е многу поздрав, отколку макеоднскиот. Затоа не е чудно што сите се толку витки. Јапонското мени во голема мерка се сведува на ориз, риба и зеленчук, а Македонците не можата да замислат на трпезата да нема месо, компири и сирење.

Јапонските порции се мали. Затоа не оставаат храна во чиниите. Тие внесуваат помалку калории дневно.

Жителите на Јапонија јадат дома. Само 16 отсто се хранат надвор еднаш или повеќепати во седмицата. Приготвуваат здрава храна со балансирани оброци. Покрај ориз, риба и зеленчук, кои им се основа, додаваат продукти зависно од сезоната. Не внесуваат многу животинско месо. Зеленчукот и овошјето им се значаен дел од исхраната. Затоа помалку страдаат од кардиоваскуларни болести.

Супата им е задолжителна. Готвените јадења им се во течна форма организмот да биде хидратиран. Не пијат вода со оброците или кога го прават тоа внесуваат само мало количество. Користат специфични зачини. Со  нив приготвуваат уникатни вкусови на храната. Затоа внесуваат многу зеленчук.

Јапонците не консумираат многу десерти. И тоа кога го прават, десертите не им се толку благи. Свежото овошје им е десерт.

Loading