ТУРЦИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВААТ МИНЕРАЛИ ВО ДОЛНЕНСКО

Договорот за концесија на 30 години за детални геолошки истражувања на мермер кај рудникот Сивец на териториите на општините Прилеп и Долнени, потпишаа министерот за економија Крешник Бектеши и сопственикот на македонско-турската компанија Волостоун, Муталип Буши. Станува збор за инвестиција од 7,3 милиони евра, што ќе бидат распределени меѓу Владата и двете општини, Прилеп и Долнени. Според сопствениците на Волостоун, следните 4 години компанијата ќе инвестира уште 22 милиона евра за изградба на фабрика за 500 работници.

Согласно Законот, 78 отсто од парите ќе им припаднат на општините, од кои за Прилеп веќе се легнати 2 милиона евра, а за Долнени 3,7 милиони евра.

– Очекуваме општините да ги искористат средствата за водоводи, канализации и за локален економски развој. Инвестицијата ќе креира нови работни места и ќе го зголеми извозот – рече министерот Бектеши.

– По добивање на документацијата ќе ангажираме 100 работници – изјави Буши.

На потпишувањето на Договорот присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.

Loading