
Компаративната анализа од првиот квартал во 2018 г. и истиот период лани покажува дека Комуналец го зголеми селектираниот собран отпад за 5 отсто. Вклучени се и селата од општинава.
Во првото тримесечје се распределени 1.073 канти за домашна селекција со 582 нови корисници во селата Ерековци, Беровци, Алинци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Веселчани, Загорани, Ново Лагово, Старо Лагово и Селце. Дури 96 отсто од населението ја прифати примарната селекција на отпад на доброволна база.
Комуналец досега распредели 16.703 канти за домашна селекција за 8.918 корисници или покриеноста е 68 отсто.
Звонко Јованоски, В.Д директорот на Комуналец, најави поставување на нови 30 контејнери за собирање на стаклена амбалажа што се донација на Пакомак. Комуналец доби од Пакомак и картонски корпи кои се идеални за собирање на хартиен отпад во фирмите, јавните установи и други институции. Комуналното претпријатие предничи во селекцијата пред 15 најголеми комунални фирми во државава.
![]()

