
Петнаесетина планинари на најстарото друштво Козјак ги засучија ракавите дел од времето за викенд прошетката, го посветија на облагородување на просторот околу чешмата Студенец во близина на Плетвар. Во сопствена режија и со помош на маски на плетварци поставија две маси и четри клупи околу привлечниот амбиент. Разубавувањето го чинат да им овозможат на намерниците или случајните минувачи да се одморат, да се освежат со камен ладната вода во сенките и да уживаат во природниот дар на околината. Акцијата за култивирање на раскошните природни места ќе продолжи наскоро со поставување на клупи и маси и на чешмата Корита над ресторанот Че кај Плетвар.
Планинарското друштво на 1 јуни годинава ќе слави 75 години од постоењето со стотици планинари од земјава со марш на Козјак.
![]()

