
Трите најуспешни менаџерки од Прилеп за 2017 беа гостинки на градоначалникот Илија Јованоски. Ирена Јакимоска, сопственичката на конфекцијата Комфи ангел, Јана Јанеска – Ристеска, менаџер на Центарот за современа и ликовна уметност и Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика во Витаминка, неодамна добијаа признанија од агенцијата Марили. Таткото на градот истакна дека сé повеќе доаѓаат до израз манаџерските способности на жените, оти тие подобро управуваат не само со парите.
![]()

