Фељтон: Белешките на Томе Велјановски
– Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект.
Број 8: Жени вдовици во Марул кои не се премажиле за други мажи
6. Мемишица Салиоска останала вдовица, куќа не сменила. Марковските браќа Боше, Диме и Коте живееле во денешното место кај Николовци, во оградата Димитриовци. Марковци биле богати рајати со 40 членови во фамилијата, со убави нивје и многу овци и крупна стока. Поводот за делбата било што домаќинот Боше ги загинал парите на пазар во Битола. Неговите браќа Диме и Коте не му верувале и дошло до делба. Тој е истиот Боше што ја отепал Котејца Дамјаноска. Целиот имот го продале заеднички за многу 20 тина пари на арнаутино Јунуз од Призрен, се делиле, зафатиле секој на своја страна. Боше се преселил во с. Мало Рувци, тоа се денешните Марковци од село Мало Рувци. Диме фамилијарно заминал во с. Оптичари под Битола, додека Коте се одделил за село Беловодица, зад Плетвар. Арнаутинот Јунуз поддржан од бегот Амдија Лазески од турските власти, како турски државен поданик, со синовите Марем и Муарем останале да живеат во марковската куќа, а додека третиот син Мемиш ја купил куќата од полјакот Тоската од Валона од Јужна Албанија, се преселил таму. Оваа кула се наоѓала во дворното место на Блаже Танески, на денешниот бунар од Блаже. Кога дошла српската војска во 1912 година ги запалила сите беговски куќи и кули со житото и постанале сиромаси. За време на Првата светска војна умреле повеќемина од арнаутите меѓу кои Мемиш Салиоски и двете негови ќерки. Мемишица останала со детето Ќазим. Од хуманитарна работа Колевци ја примиле да работи и живее и да ја помини војната. Религиозните обичаи не им пречеле ниту на Колевци, ниту пак на Мемишица. Ќазим врсниче на Веле и Ќире само сонот ги делел. Ќазим се натпреварувал со Веле и Ќире кој да изеди поголемо парче свинско месо. Самиот Ќазим велел: Јас сум Ќазим Колески. Војната завршила, мајка му на Ќазим не се премажила, нејзиното куќно место и нивјето ги продала. Под каменот му ја продала на Стојче и Стојан Танески. Над патот мариоски, кај камено во папојца кај бавчата таа меѓу реки, таа под патчето со крувчето кај Средореци. Во кауѓерски ливади од под патчето каде се отепани првичарите галичански од двете страни на долчето, до патчето за кај колеската бавча му ги продала на Петре Павлески. Во 1924 година мајка му Мемишица и синот Ќазим се исселиле за Турција. Ќазим од Турција доаѓа неколкупати во с. Марул да го посети родното место, Колевци и сите пријатели во с. Марул. Ќазим тоа го правел додека нози го крепеле. Честопати, во разговорите, Веле дофрлал: ете леба ми, Ќазим ќе седнеше до дедо Стојан и ќе бара да му е даде трошка свинско месо, тоа што има најповеќе бело месо ние викаме дебело месо. Дедо Стојан секогаш на Ќазим му е исполнуваше желбата.
Број 9: Вдовци во Марул на кои им умреле жените, не се прежениле, останале дома со своите деца и внучиња
1. Дојчиноски Тошев Јован – Јоле женет за Москоска Коприна од с. Подмол. Јоле и Коприна имаа четири деца. Калина, Траенка, Божин и Таса. За време на Првата светска војна умира мајката Коприна. По нејзе умира ќерката Траенка. Таткото Јоле ги преживува трите деца Калина, Божин и Таса. Сите ги удомува кои имаат свое потомство.
2. Јанкоски Ристев Илија женет за Грозда Трипискулоска од Марул. Илија и Грозда имаат три деца: Митра, Мара и Петре. Мајка му Грозда умре во 1916 година. Децата остануваат сирачиња. Илија татко му ги преживува децата и ги удомува. Сите имаат свое потомство.
3. Јанкоски Ристев Ѓорче женет за Благуна Москоска од с. Подмол. Имале девет деца. Мајката Благуна и последното десеттото дете Алтана умреле во 1916 година. Останатите деца ја преживеале војната, порастиле, се удомиле, сите имаат свое потомство. Синот на Ѓорче Ристе бил оженет за Спасија Сиџимоска која имала две деца, се разболела и умрела во 1916 година. Нејзините деца Велика и Ладе останале на рацете на дедото Ѓорче и тетктите. Илија и Ѓорче во заедница ги гледале децата.
4. Вепрчански Здравев Стојан женет за Мамалигоска Чона од с. Мојно. Стојан и Чона имаат три деца: Пауна, Атанас и Јоца. Мајка му Чона умрела во 1915 година. Ги оставила децата сирачиња на рацете на татко му Стојан. Стојан таткото ги преживеал децата во војната, ги удомил, сите имаат свое потомство.
5. Здравески Јошев Никола – Галабаро женет за Донка Чакмакоска од с. Мало Рувци. Никола и Донка Николица имаат три деца. Петре, Ристе и Лубика. Нивната мајка Николица умрела во Првата светска војна. Таткото Никола се пожртвувал за децата, ги преживеал во војната, ги удомил. Петре нема потомство.
6. Мурџесиа Митрев Петре женет за Султана Шијакоска од с. Шелеверци. Петре и Султана имаат три деца: Цветан, Јован и Петкана. Петрејца Султана умрела во 1917 година. Петре таткото ги преживеа децата, ги удомил, сите имаа свое потомство.
Продолжува
![]()

