ЧЕХОВИ ЕДНОЧИНКИ НА ТЕАТАРОТ „ЧИН 4 СЦЕНА 5“

Театарот „Чин 4 Сцена 5“ ги подготвува завршните претстави на возрасните групи кои членуваат во училиштето. Во мај ќе се прикажат четири завршни претстави. Првата групата ќе ја прикаже „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, адаптирана за деца. Средната ќе ја изведе претставата „Глупа за***на птица“, адаптација на „Галеб“ од Чехов. Средната В ќе прикаже претстава составена од монолози и едночинка, а големата ќе ги изведе едночинките „Мечка“, „Просидба“ „Трагичар не по своја вина“ и „Лебедова песна“, сите од рускиот автор Чехов.

Училиштето ќе ја затвори годинава, по што ќе премине на летната театарска школа, на која ќе се работат нови методи на изведба и актерски занает, како што се театар на сенки, физички театар… Во склоп на театарот „Чин 4 Сцена 5“ работи и аматерскиот театар.

Loading