БИЛКИ КОИ ЛЕЧАТ СЕ

Се верува дека третманот со лековити билки се применува откако грчкиот лекар Диоскорид од првиот век ја напишал енциклопедијата ,,За лековити супстанции,,. Оваа книга 1600 години била главниот фармаколошки прирачник.

Златен корен е билка чиј корен се користи во медицински цели. Оваа билка влијае на зголемување на издржливоста, кондицијата, подобрување на менталната концентрација, имунолошкиот систем и сексуалните функции. Кинеските императори испраќале експедиции во планините да пронајдат и наберат златен корен за кралската палата.

Билкарите од Кина, Тибет и Индија го користеле гоџи бери илјадници години. Се верува дека го зголемува животниот век и го подобрува здравјето, бидејќи билката е богата со антиоксиданти, елементи за подобрување на имунитетот и циркулацијата и го штити црниот дроб. Бобинките се  јадат сурови, се пијат како чај или се користат како течен екстракт.

Активните супстанци на билката валеријан се наоѓаат во коренот. Тие дејствуваат смирувачки и помагаат при несоница, немир, анксиозност. Со екстрактот брзо се потонува во сон и се надминува несоницата. Билка ги прави конзументите свежи, наспани и без замор. Се ублажуваат симптомите на стрес, раздразливост, нервоза. Помага во отстранување на секојдневните грижи. Успешен е кај сите нервни болести.

Надземниот дел од растението христова круна со цветовите е погоден против интензивна интелектуална работа. Успешно помага во третманот на алкохолизмот.

Копривата се користи за масажа против ревматските болки. Влијае на  секрецијата на дигестивните сокови. Ги ослободува мастите од телото, оти содржи хлорофил, калциум, калиум, железо и фосфор, па и витамини Ц и А. Екстрактот се користи против губење на косата. Железото има позитивен ефект за формирањето на црвените крвни клетки.

Loading