АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Х

Демократијата е со толку длабоки корени колку и корените на граѓаните

Х

И од лево и од десно и од напред и одзади, сите се за подобро утре иако сегашноста име е различна.

Х

Нашиот пат до рајот задолжително минува низ пеколот…

Х

Го бараше Сонцето само кога ќе се навлечеше на тенок мраз.

Х

Кога лажните вести се во тренд, медиумите се во – аут!

Х

Откако се продадоа, на ред им дојдоа и душите!

Х

Имаше златен занает, ама тој беше ‘рѓосан.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading