Трета
Тимот на Партизан Обршани загуби со 0-2 на дербито дома од Вардар Неготино. Но, и натаму е на врвот од табелата во Третата лига – Центар. Според записникот, домаќинот не искористил два пенала, додека неготинците головите ги постигнале на почетоците од првото и од второто полувреме. Следи гостување во Крушеани, кај Напредок, тим кој со 2-1 славеше над Габер. Останати од 21 коло: Марена – Г. Коњари, П. Гули – Бабуна, Младост – Братство и Слога – Росоман.
Табела: Партизан 47, Вардар Н. 46, Бабуна 40, Росоман 38, П. Гули 37.
![]()

