ВРЕМЕТО ЈА ГРИЗЕ КРАЛСКАТА ГРОБНИЦА КАЈ БОНЧЕ

Негрижа за културното наследство

Нема државно ехо на повиците на археолозите за обезбедување пари за продолжување на истражувањата, заштитата и за реставрацијата на  мистериозниот антички локалитет додека природата и крадците не мируваат

00-43

Локалитетот на старомакедонската гробница со импресивна големина која е единствена од ваков тип во Македонија кај селата Подмол и Бонче е оставена на забот на времето. Иако има индиции дека тука се наоѓала изгубената престолнина на градот Пелагонија на четвртата македонска држава од пред нашата ера, досега не е извршена конзервација на гробницата и нема направено ниту еден проект. Доколку се потврди дека тука е градот Пелагонија и погоре кралската гробница, тоа би било едно од најголемите археолошки открија во Европа во последниве векови.

292053-grobnicata-na-pavla-chuka-ja-krie-vistinata-za-kralot-na-pelagonija

Гробницата од античкиот период во Македонија, според димензиите и грандиозноста е репрезент на еден историски период. Тоа укажува на тоа дека во неа не бил погребан обичен граѓанин, туку некој од пелагонските кнезови населен со Пелагонците во антиката. Според наодите на археолозите, гробницата во форма на круг, направена од камења во неколку редови, има ходник или дромос кој пак води до главната погребна комора каде бил погребан некој од пелагониските кралеви. Низ милениумите сводот на главната погребна комора бил урнат и таа е подложна на атмосферски влијанија. При врнежи гробницата се полни со вода. И ходникот и сводот на ходникот кои водат до главната погребна комора се загрозени од временските неприлики. Постои опасност да се срушат. Никој не води грижа за конзервацијата, а за реставрацијата не се зборува. Огромните гранитни блокови од пред повеќе од 20 века попуштаат под налетот на епохите. Поголем дел се напукнати и во секој момент можат да се урнат.

Се претпоставува дека објектот е ограбен одамна. Во 1917 година таму истражувал некој бугарски археолог, а во 1936 година српскиот археолог Вулиќ. Постојат некои легенди, но и сведоштва дека бил изнесен и дел од саркофагот. Кружниот ѕид алудира дека бил погребан со сите почести и материјални добра моќен македонски крал од 3 и 4 век пред нашата ера. Околу гробницата се најдени неколку гробови. Затоа местото станало свето.

292056-grobnicata-na-pavla-chuka-ja-krie-vistinata-za-kralot-na-pelagonija

Оставен е сам на себе објектот со врвна културна инфраструктура и ретка архитектура. Археолозите укажуваат дека е потребен континуитет на истражувањата, а не кампањски потраги. Наместо да се посвети стручно и постојано внимание, објектот со непроценлива културна вредност се уништува пред очите на државата. Руинираната состојба е плод на државната негрижа за значајното културно богатство. Незаштитениот локалитет ограбуван низ вековите и натаму е атрактивна мета на разни диви копачи во потрага на скриени блага и артефакти.

35480696

Локалните археолози бараат сериозен третман. Државата засега не покажува слух за зачувување или подобро спасување на локалитетот со продолжување на истражувањата. Интервенциите за изработка на елаборати остануваат на хартија без одговор кој чека подобри времиња додека татнежот на климатските околности го јадат објектот кој може да биде привлечна туристичка дестинација со оглед на мистериозноста со која е завиен. Археолозите предочуваат дека потребно е да се дигне рангот на локалитетот, односно гробницата да добие приоритет на вреден историски споменик, оти е уникатна во светски рамки. За жал, државата не е на ниво да организира соодветен пристап не само заради недостигот на средства што често се алиби за негрижата и незаинтересираноста кон културното наследство низ слоевите на историјата. Државата треба да посвети многу поголемо внимание и заштита на овие објекти затоа што станува збор за многу ретко културно наследство кое може да придонесе за докажувањето на дел од нашата историја.

bonce

Резиденција и гробница на кралот на пелагонците

Пелагонците биле посебно племе. Има епиграфски записи дека кнезот на Пелагонците, Менелај, им помагал на Атињаните со разни работи додека Филип 2, таткото на Александар Македонски, имал походи кон грчките градови да ги покори. Некои стручнаци сметаат дека токму Менелај е погребан во таа гробница.

Градот Пелагонија се простирал на неколку десетици хектари кај селото Бонче се до врвот Висока. Според истражувањата таму може да се наоѓа неке светилиште или резиденцијален објект. На стратегиско место, на врвот Висока на 1400 м. се наоѓа импресивен објект, кој засега не се знае за што точно служел. Некои експерти сметаат дека станува збор за град со 20 илјади жители на античките Македонци – пелагонци.

DSCF9838

Штитови и монети

Пред седум – осум години археолозите претставија наоди на копје, препознатливо за македонската фаланга, сребрен и бронзен накит и чинија, за која се верувало дека се душите на покојниците. Од овде се трите сегменти на штитови од пред 15 години,  што се конзервирани во Охрид и монетите со ликовите на Александар, Филип, Касандар Деметриј.

Grobnica-1-620x330

Loading