УСПЕСИ НА МЛАДИТЕ ФРАНКОФОНИ

ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Nagradeni ucenici OU Goce   Delcev

Младите франкофони од ОУ „Гоце Делчев“ под менторство на наставничката Ирена Наумоска постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар по француски јазик „Олимпијади 2018“ во Битола, организиран од Здружението на професори по француски јазик во соработка со Филолошки факултет “Блаже Конески” – Скопје и со поддршка на Француски институт – Скопје и Националната комисија за франкофонија. Ученичката Исидора Лажоска го освои второто место, а ученикот Дино Андреевски беше рангиран на петтата позиција со што обезбеди пласман за учество на државниот натпревар во Скопје. Учениците ги покажаа знаењата и вештини во познавање на францускиот јазик во четирите подрачја, слушање и разбирање на текст, граматика, писмено разбирање на текст и писмено изразување на дадена тема.

Goce Delcev ucenici– Напорно работевме во дополнителната настава, но трудот секогаш носи успех. Горда  сум и среќна од резултати на учениците. Се надевам дека познавањето на францускиот јазик како еден од најважаните и најупотребуваните светски јазици ќе им биде предност во понатамошното образование и ќе им ги отвори прозроците кон светот. Доказ за тоа е постигнатиот успех нашата поранешна ученичка Марија Митреска која продолжува со успесите по француски јазик и во средното образование.  На регионалниот натпревар во категорија класична гимназија оваа година  таа освои прво место под менторство на професорката Мирјана Бошкоска од Гимназијата – изјави наставничката Ирена Наумоска.

Право на учество имаа учениците од деветто одделение од основните училишта и учениците од трета година од средните училишта.

Loading