ТАЈНАТА НА СЕМИЊАТА

Seminja

Пролетта е соодветно време за детоксикација, прочистување на организмот. Тоа помага за подобри чувства, поздрав живот, подобар сон и подобро варење. Храната за прочистување обично е лесна за апсорпција, со висока содржина на вода, растителни влакна, незаситени мрсни киселини.

Природната детоксикација на организмот вклучува мали здрави навики во исхраната. Супер храна се семињата. Нивната тајна е што само 100 г. семиња обезбедуваат околу 18 г. протеини  или 32 отсто од дневните потреби.

Семето од сусам е најстарото култивирано растение од пред 4.000 години. Содржината на сезамол и сесаминол се фенолни антиоксиданти. Тие помагаат во отстранувањето на штетните слободни радикали од човечкото тело. Витаминот Е ги намалува симптомите на астма, остеоартритис и ревматоиден артритис во кои воспалителните процеси имаат значаен ефект. Витаминот Е е го има и во сончогледот. Тој претставува есенцијален витамин. Семките од тиква често се јадат како здрава храна. Исклучително се богати со магнезиум, еден од седумте основни макроминерали. Две лажици семе од тиква ги задоволуваат дневните потреби од магнезиум што влијае на правилно функционирање на мускулите. Магнезиумот игра важна улога во телото, вклучувајќи го и метаболизмот на храната и синтезата на мрсните киселини и протеини. Ленот  се користи во исхраната повеќе од 6000 години поради неговите здравствени придобивки. Тој е прогласен за супер храна. И семето од чиа го залужува статусот на супер храна. Малото црно семе  го користели уште Ацтеките, Инките  и Маите како извор на енергија.

Комбинацијата на семиња со висока хранлива вредност го намалуваат чувството за глад, нудејќи го широкиот спектар на квалитетни хранливи материи. Нутритивните придобивки стојат зад многу наслови поврзани со здравјето. Бидејќи се мали семиња,  не е пожелно претераното конзумирање.

Loading