„СПОМЕНИЦИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ ОД МАРКО КРОЈАЧ

marko krojacИзложба на фотографии

Изложба на фотографии насловена „Споменици на револуцијата“ од Марко Кројач ќе биде отворена од среда 25 до петок 27 април во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“. Фотографиите се печатени во сито техника, преку кои ги архивира партизанските споменици од поранешна Југославија и покажува како се менувале културните сеќавања на Балканот од Првата светска војна до денес. Меѓу фотографиите ќе биде и Могилата на непобедените.

Техниката на сликите е сито печат – уметност.

Кројач ќе ја промовира книгата „Залудградител“ на сито печат на тема споменици на народната борба во поранешна Југославија.

Делата се приказни за настанување на спомениците и сегашниот однос на луѓето и културните политики кон споменици од едно време. Фотографиите доловуваат промени за унапредување на критичкото, но и на конструктивното соочување со минатото.

Кројач живее и работи во Берлин. Изложувал во Токио, Женева, Белград, Париз, Берлин…

Loading