-Еве го првио. Тој обично,е најредовен.
-Туте, прв иди, прв заминува. Сега е тркач на кратки патеки. Комшијата Атата му е прва лига. Никој не го стасува. Како ултра лесно да троши.
-Седи Туте и ти имаш… Остај го пазарлако. Си дојде Атата?
-От ко ги изарчи еврата, пак падна на пензијата и картите. Ханчето му е легнато и дрпа по некоја стотка.
-Ако дојди, че дај една пијачка.
-Од ко се врати од Германија како друг да е. Некоја Германка го пресретнала. Таму било културно. Секој си плајчал шо че си порачал.
-Бргу Германец се сторил. Че му забраниме да оди во Германија. Лоша навика собрал. Кај е двојазичнио. Зе забаи некако.
-Диме, нусето не го пушта од кревет до 10. После мија вагани. Ако не скрши, зема дозвола. Иди свеж, само за пред чоек. Не се знај кога иди, а помалку кога си оди
-Нека мија, ама нека не пеј, да не зарипни. Некој во Битола пеел, миел, па еден месец уста не отворил. Че дојди кралчето?
-Тој отиде граво да го накачи, па че слези кај 12.
-Рано го качи, зато му е квалитетен граво.
-Вика, да го накачам, да не заборам. Шо е сигурно, сигурно. Че долета од некоја страна. Ама Васкичо ме загрижува. Не е стабилен. Заматен му е умо, от ко почна само кафиња да пија. Петпати влегува, петпати излегува. Не прај многу муабет. Че потпушти нешто и дури да го сватиш да му вратиш, ја намачкал.
-Че се попрај. Не му се испразнети батериите. Ги полни, а и слабо троши. Заплашен е од дома. Налет шо ги мија ваганите секое сабајле, ама и јорганите ги крева и ги треси. Во кожата да не си му. Ене го Гога, свикај му да дојди.
-Гога, да не не прескокниш?
-Имам триста работи. Чом во земјоделскана,
-Да не купуваш семе за макарони,
-Че купувам семе за лимонтус. И тебе да ти купам за макарони?
-Не ми е нивата изорана. Ако сакаш да земиш кило шајки дванајски за во десен зид одкарши во железаријата?
-Тие за левио не одговара?
-Тапи се, не влегуваат.
-Наоштри ги.
-Ако нема, не земај, ама врати се имаме нешто многу важно.
-Ко че ви е тешко ме викате. Гледате колку вредам!
-Деликатно е. Потребни се салам умој. За сите важни прашања без тебе – ништо! Ај да скиниме по една.
-Со салата или без,
-Каква салата, знајш колку се сега? Ко че почнат кај Жиката крастајците да растат, тие од субвенциите, тогаш че пијаме со салата. Сега чисто, со Комуналец.
-Одма се врајчам. За шајки и семиња другата среда.
-Горан, носи уште по една!
-Да ја пишам турава во тефтерчево или…
– Атата че дојди и во девиз че ти плати. Шо си се уплашил толку. Ослободи го срцето. Ако не плати, нека бега нешто од тебе.
Џага Дур