РАКОМЕТ СО ЕДЕН СУДИЈА!

Историја

Имало необични моменти на ракометните мечеви во некогашната Втора југословенска лига. Во сезоната 1975/76 екипата на Тутунски комбинат обжалила два дуеала на кои доживеала порази. На првиот со Божур во Гнилане имало материјална повреда на правилата, а на гостувањето кај Трепча во Косовска Митровица правда делел само еден судија. Немало втор судија, немало ни делегат! Резултатот бил свртен на полувремето – по водство на гостите од 17-20, домашните победиле со високи 38-31.

Според есенската табела, Тутунски комбинат го зголемил салдото од 10 на 12 бода, што значи дека една од двете жалби била прифатена од РСЈ.

Loading