ПЕЧИВО ОД БАЈАТ ЛЕБ

pecivo

Наместо да го фрлете застоениот леб, направете деликатес. Потребни се 12 парчиња бајат леб, 0,5 дл. млеко, 200 гр. сирење, 3 јајца, 0,2 дл. кисела павлака, мала чаша масло, сол, 50 гр. сусам и 100 гр. сечено сувомеснато по избор.

Сирењето се рони ситно во сад, се додаваат јајцата, павлаката и солта, потоа млекото и маслото, па се мешаат. Огноотпорен сад се премачкува со малку масло, па се редат 6 парчиња леб. Се става половина од смесата од садот, па се става сечено сувомеснато, а потоа останатите 6 парчиња леб. Се става остатокот од филот, па се прска со малку масло и се става сусам.

Се пече на 200 степени 25 минути додека не порумени.

Loading