ХРАНАТА ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОНИОТ ВЕК

Јадењето здрава храна го заситува организмот со многу хранливи материи и состојки потребни за правилно функционирање. Здравата храна дава енергија и ги зајакнува виталните органи. Преку правилното користење може да дојде до ослободување од стрес и од одредени хронични заболувања. Здравата храна го сметнува вишокот килограми и влијае на одржување на стабилно ниво на телесната тежина. Здравите намирници содржат многу витамини, минерали, јаглехидрати, растителни влакна и антиоксиданти кои овозможуваат организам да остане здрав и да се бори против срцевите заболувања, мозочни заболувања, дијабетес, леукемија, разни видови канцер итн.

За спречување на срцеви и мозочни заболувања треба да се јаде риба која содржи селен, калиум и магнезиум, но и омега 3 – мрсни киселини и витамин Б кои го штитат срцето и мозокот и ја подобруваат нивната работа. Рибата, посебно туната, спречува разни канцери, како што се на панкреасот, на дебелото црево и на дојката. Го намалува и ризикот од леукемија. За заштита од мозочен удар да се конзумираат јајца. Тие се најголем извор на холин, кој ја подобрува меморијата кај луѓето. И рибизлите имаат заштитно својство од мозочен удар. Ги штитат мозочните клетки. Тиквата содржи повеќе растителни влакна и помалку калории. Сокот од тиквата е богат со бета каротин и витамин Е, супстанции кои го намалуваат ризикот од астма и други болести, од рак до срцеви заболувања. Чаша сок од калинка дневно помага во борбата против слободните радикали и го спречува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на артериите. Пченицата, пченката, јачменот, овезот и оризот се важна храна за правилно функционирање на дигестивниот систем и за здраво срце. Тие ја регулираат гликозата во крвта. Зелката штити од разни заболувања. Таа е богата со витамин Ц, фолати, железо, магнезиум, бета-каротин и фитохемикалии. Благите компири се извор на растителни влакна, јаглехидрати, витамин А, Ц, па дури и на манган и бакар.

Лукот се сметаза најмоќен борец против болестите. Првенствено штити од бактериите кои го напаѓаат човековиот организам. Корисен е и во намалувањето на холестеролот и крвниот притисок.

Loading