Одбојка
Во одбојката нема временско ограничување на мечот или сетот. Се игра на поени. Тука е спецификата и драматиката. На тимот што води не му се дава право на опуштање, а на тимот што губи му се овозможува надеж до крајот. И едното и другото се почувствувани во Велес, на третиот турнир од Младинската женска лига. Екипата на ЖОК 11 Октомври на првиот сет имала водство од 24-21 и токму тука застанала. А бил потребен само еден поен. Еден, а недофатлив. Сетот е загубен на разлика, а дуелот со 1-2.
Сепак, добрата игра е наградена на мечот со Виола волеј од Велес, добиен со 2-1.
![]()

