ЦРВЕНО ВИНО И ТРОШКА „ЉУБОВ“

Meraklii pred Tikves

Фотографијава е стара околу 40-тина години. Тука на „зборно“ место се збрале мераклии. Продавницата од Тиквеш, на чие место денеска е пицеријата Меџик, нудела вино, ракија, тика на мало и големо од кавадарската визба Тиквеш. Сместена во близина на Градскиот часовник се леело рујно вино црвено за оние кои оделе на чашка вино и лаф муабет, но и чоканче ракија. Пиеле, се опивале, пееле, се веселеле… Имало од сé по малку. Се посетувала продавницата не само од навика, туку и од голата  “љубов”.

На друштвото, сликано пред продавницата, не им студи зимно или есенско време. Се грее со голтка вино… 

Loading