Фудбал
Победа имаше можност да освои многу повеќе од 6 бода, колку што има во пролетниот дел од првенството. За среќа, уште постојат шансите за опстанок. И третиот пораз во серија (2-1 од Ренова), не го промени 8 место на табелата. Тоа е затоа што загубија и конкурентите за опстанок, Пелистер (0-6 дома од Шкендија) и Скопје (0-1 дома од Работнички). Во прилог е и суспензијата на теренот во Автокоманда, поради што Скопје како домаќин игра во Кичево.
Во средата во Битола се одигра пелагониското дерби, Пелистер – Победа (1-1), в недела е Победа – Вардар, а в среда Шкупи – Победа.