„БИКИНИ МУН“ ВО КИНОТО МИС СТОН

30776317 1673375136076283 1122508299 n

Најновиот филм на Милчо Манчевски „Бикини Мун“ сниман во Њујорк, премиерно ќе биде прикажан во киното Мис Стон.

Приказната – психолошки портрет на Бикини Мун Дејвис – говори за искршениот идеал на модерното семејство и за изгубената приватност во светот окупиран од камери, мобилни телефони и социјални мрежи. Филмската структура е филм во филм.

Светската премиера беше во Бразил на фестивалот во Сао Пауло. Во Португалија освои специјална награда. Беше прикажан и на фестивалите во Сан Хозе, Белград и Софија. Следуваат Истанбул, каде проекциите се веќе распродадени, Франкфурт, Нешвил, Менхетен.

Loading