АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Револуциите започнуват на барикадите, а завршуваат на парадите!

Х

Кога е во прашање лебот за сите, јазикот е најмалку важен.

Х

Зарем е важно кој го извршил грабежот? Битно каде легнале парите!

Х

Можете да спроведувате европски сценарија, но тоа не значи дека сте европеец.

Х

Кога гласаме како овци така и ќе не водат.

Х

Не е постојано се лук и вода. И лукот и водата – поскапеа…

Х

Од парфеми можеше да си дозволи само парфимирана тоалет – хартија.

Д-р Хаџи-Васков

Loading