Пензионерите за пензионерите
Според програмата за годинава, Здружението на пензионери ќе додели преку 1,5 милиони денари помош за своите членови. Првите 300.000 денари еднократна помош се доделени на пензионерите. Комисијата за здравство и социјала разгледа 140 барања за партиципација во трошоците за бањско и климатско лекување. Според одредените критериуми средства се доделуваат на пензионерите зависно од пензиските примања. Кај оние со примања до 12.000 денари, здружението учествува со 50 отсто, а за оние до 17.000 денари со 30 проценти, и пензионерите до 20.000 се субвенционираат со 20 отсто од трошоците. Во првата фаза комисијата додели околу 260 000 денари за бањско и климатско лекување на пензионерите. Уважени се 74 барања, а 64 се одбиени заради тоа што некои пензионери добиле средства за оваа намена лани и заради непотполна документација. На 27 лица се доделени 50 отсто од трошоците, на 35, 30 проценти и на 11 пензионери Здружението ќе им надомести 20 отсто за бањско климатско лекување.
![]()

