СПАНАЌ И БРОКУЛА

brokulaМладиот спанаќ има благ вкус и сличен е со зелената салата. Одличен извор е на фолна киселина, витамин А и Ц, како и витамин Б комплекс. Богат е со железо и магнезиум но и со витамин Е. Ако младиот спанаќ се користи свеж во салати, се подготвува барем десетина минути во солена вода. Вредната содржина се спасува со обарување на пареа. Се приготвува пред употреба, бидејќи откако еднаш термички ќе се обработи, не треба да се загрева повторно заради формирањето на нитрати.

spanakБрокулата има подискретен вкус од други видови зелки. Се користи сурова, варена или само како зачин. Варената брокула е похранлива отколку свежата. Освен изобилство од растителни влакна, брокулата е богатство на витамини, посебно А и Ц. Потврдени се минералите, калиум, калциум и магнезиум. Брокулата содржи јаглехидрати, фолна киселина и фосфор. Се препорачува во диеталната исхрана. Погодна е и во исхраната на бремените жени. Свежата брокула може да се чува и до една недела во фрижидер. Кратко се готви и е добра кога ќе се посипе со маслиново масло, сусам и сок од лимон.

Loading