ПРАЗНИК НА АРТИЛЕРИСКИОТ БАТАЛЈОН

Kasarna

Во касарната „Мирче Ацев“ се прослави 10-ти април, Денот на Артилерискиот баталјон.  Прилепскиот гарнизон ја одбележа 26-та годишнина од формирањето на Вториот мешовит артилериски полк, односно првата артилериска единица во независна Република Македонија. На свеченоста говореа командантот на гарнизонот, потполковник Ивица Цветковски и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски. Повеќемина припадници на АРМ беа унапредени со повисок чин, наградени и пофалени. 

Loading