ОРЛОВО ГНЕЗДО ЗА ДУХОВЕН ДОМ

Голем петок  – празник на манастирот Св. Архангел Михаил

manastir

Манастирот Св. Архангел Михаил, познат како варошкиот манастир традиционално, најмасовно е посетен на денот, Голем или Источен Петок, што се слави првиот петок по Велигден. Манастирот со двата конаци се одржувани  како духовен и  Божји дом за монашкото сестринство.

imagesМанастирската црква, посветена на Архангелот Михаил, е изградена на темелите на две постари цркви. Едната била во слава на Св. Апостол од 10 век. Вториот храм од 11 век бил посветен на Св. Никола. На темелите на овие божји домови во 14 век е изградена црквата Св. Архангел Михаил, подигната врз карпи и камени блокови. Ктитор бил монахот Јован. На тремот се забележуваат монолитни камени столбови кои се остатоци од антички објекти, а на едниот од нив се наоѓа натпис со кирилични букви од 996 год. и претставува втор најстар натпис со кирилични букви. Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и со отворен трем со камбанарија на западната страна.

Конаците се на двете страни на манастирот. Во староградска архитектура ги креналеа прилепските еснафи во 19 век. Во дворот се наоѓа извор со лековита вода, посветен на Света Богородица.

Варошкиот манастир е вгнезден во величенствениот гранитен камен. Легендата говори дека некој ученик на Св. Климент Охридски се населил во некоја од карпите каде водел осаменички живот на крајот од 10 век. Меѓу 11 и 13 век наследниците на монахот водени од Јован ја изградиле повторно и ја посветиле на Св. Архангел Михаил. За тоа сведочи фреската на која ктиторот Јован во рацете држи модел на црквата. Подоцна, прилепските владатели Волкашин и Крале Марко ја обновиле црквата за што сведочат фреските на влезот.

38982185

Денешниот изглед потекнува од 1861 година кога е извршена последната поправка. Тогаш биле подигнати и конаци, камбанарија и била поставена плоча на која се говори за обнова на црквата. Авторот Георги Трајчев, родум од Прилеп, запишал дека манастирот е одалечен на 15 минути од градот. Погледот од него е величествен. Како на дланка се гледа Прилепското поле, посеано со многу села од кои се белеат беговските кули. На запад се гледа одразот на зраците од источниот изгрев на сонцето по стаклата на крушевските куќи. На десно се поречките планини, а на лево Селечка Планина. Манастирот се вседелил како орлово гнездо на карпата Маркови кули, вертикално спуштена над него. Во старо време, бил монашко засолниште, скриена под силната заштита на непристапниот замок. Околу се наоѓала брестова гора. Старите баби кажуваат дека имало црква со извор од кој се полнело вода. Луѓето пренесуваат дека варошанецот Коне Гуцуле паднал и се отепал, берејќи плодови од брестовите. Црквата била еден кат, женското одделение било преградено со ѕид во западниот дел. Ѕидовите внатре биле зографисани со светци во природна големина. Градбата на конаците ја иницирала прилепчанката Марија Ешкеровска. На сон таа видела светец кој ја поканил да отиде во Варош, кај црквата, таму да седи и да ги убедува луѓето да кренат манастир за Св, Архангел. Со голем труд и постојаност баба Марија успеала да ги убеди селаните. Манастирот почнал да се гради и се преправила и црквата. Долниот кат се зачувал, се изградило само женското оделение и до него висока камбанарија. Околу црквата имало три зданија, едно на северо-запад, другото на северо-исток, а третото на југ од него. Првото здание има 10 големи, широки и светли соби, од кои 6 се направени од еснафите, бојаџиски, самарџиски, јорганџиски, кантарџиски, терзиски и тутунџиски, за што сведочат натписите со еснафски имиња на секоја врата. Втората зграда имала две соби од жителите на селото Тополчани. Третото одделение  било со 4 соби изградени од децата на Хаџи Илиовци. Сите згради се двокатни, со големи чардаци напред, а долу имало соби, штали, кујни, амбари и фурни.

images 1Над манастирската врата е насликан Св. Архангел Михаил со голем меч во рака и со вага во другата на која ги мери душите на праведниците и грешниците. Црквата е нова, а столбовите во откриениот нартекс се стари, од стариот храм. На еден од тие столбови рускиот археолог Антонин во 1865 година открил натпис издлабен со убави букви. Датумот посочува на потеклото на манастирот, а а тоа е епископ Андреј, кој бил современик на Самоил…

Во 1858 година, кога се копале урнатините околу црквата за возобновување на манастирот била најдена и мермерна колона. Заедно со други колони, донесени од блиските урнати цркви бил изграден и потпрен тремот на манастирската црква. При обновувањето на манастирот бил обелен со густ слој на вар кој го покрива целиот столб. Покрај тоа, натписот доста се гледа. Членовите на руската археолошка мисија го прочитале во 1898 година преку варта која го покривала натписот и направиле погрешно читање. Проф. Ј. Иванов  кој го посетил тој крај пред Хуриетот успеал да го прочита точниот текст на написот, откако ја исчистил закоравената вар од столбот…

Палеографскиот натпис претставува најстар познат вид на славјански букви и потсетува на самуиловиот напис од 993 година најден во село Герман – Преспа што е помлад само 3 години. Споменатиот епископ изгледа бил или битолскиот, под чија власт тогаш се наоѓал Прилеп или негов помошник. Прилеп некогаш имал свои владици. Еден напис на икона во манастирот Трескаец од 1651 година го бележи името на митрополитот Прилепски Јосиф.

Манастирската црква е мала во византиски стил и поправена во 1858 година. Пред врата има трем во западниот ѕид, на кој се забележуваат остатоци од стар живопис во природна големина. Од десна страна слика на 30 годишен маж со царска круна и мантија, а околу главата венец на светиот. Во десната рака држи крст, од двете страни на главата има натпис. Се гледа слика на северната врата, само таа е на старец и без натпис. Уште е ,,живо,, преданието дека манастирот бил граден од Крале Марко.

P1090075

Од под една карпа во манастирскиот двор тече вода, која е собрана во голем базен и го обслужува манастирот. Народот ја почитува за лековита. Како најблизок манастир до градот посетители има секогаш, најмногу за великите пости, во Петок на Велик ден и на Св. Архангел. Манастирот поседува и недвижен имот, а се управува од селото…

Во манастирот се најдени три црковни славјански ракописи. Две се ракописни книги, оставени во библиотеката на солунската егзархиска машка гимназија. Ракописите се од 15 век. На крај се гледа дека пишува – ,,Јас Симон од Ситница сум ја напишал таа книга во слава Божја со својата сопствена рака и беше завршена во 1479 г. на 28 март на Св. Марија Кастанија.

sveti-arhangel-i-mihael-1-54044

Во 1884 година, тука била масакрирана четата на Коне Павлев, која дошла на Св. Тодор да се причести. Четата била предадена. Подоцна манастирот ги пречекувал организираните чети. Големата стратешка положба, високата поставеност во тешко достапните карпести ограноци, манастирот го правле привлечен за четите. На хуриетските празнувања, младотурската револуција, манастирот игуменот Стомнаров поставувал богата трпеза на прилепските чети, раководителиите и младотурскиот кружок.

Во манастирот се чуваат дел од моштите на Св. Козма и Дамјан, како и моштите на св. Стилијан.

Св. Архангел Михаил се вбројува меѓу најубавите и најзначајните културни споменици и религиозни центри во Македонија поради тоа е под заштита на државата како споменик на културата. 

Sveti-Arhangel-Mihail-Varos-konak-2

Loading