ФРАНКОФОНСКА ВЕЧЕР ВО САЛОНОТ 19:19

Гимназија „Мирче Ацев

timot od Gimnazija

Професорката по француски јазик, Мирјана Бошковска од Гимназијата „Мирче Ацев“ доби пофалница за особен придонес во унапредувањето на наставата по француски јазик, во промоцијата на францускиот јазик и француската култура во периодот од 2016-2018 год.  Наградите за најактивните професори и на победниците од натпреварот во писмен состав „Кажи ми десет збора 2018″ им беа доделени на Франкофонска вечер за Месецот на Франкофонијата. Здружението на професорите по француски јазик во соработка со Националната комисијата за Франкофонија, ја организираше во Салон 19:19 при Културно – информативниот центар во Скопје. Како последна точка од програмата беше изведен монологот „Лора”, чиј автор и режисер е професорот по англиски јазик и драмска уметност Маринко Шлакески, а со ликот на Лора пред публиката се претстави ученичката во трета година Марија Митреска.

Глумата и драмското дејствие на француски јазик, скоро еден час го задржаа вниманието на публиката која на крајот ја награди Марија со бурен и долготраен аплауз. На присутните во публиката кои помалку го познаваат или воопшто не го говорат францускиот јазик, овозможено им беше претставата да ја следат со превод на Македонски јазик. Проекцијата на преводот ја реализира ученичката во трета година Марија Андоноска, а технички го овозможи професорот по историја Николче Богданоски.

По завршувањето на официјалниот дел од програмата, повеќето присутни гости, професори по француски јазик, официјални претставници на Франција во нашава држава, учесниците на Франкофонската вечер како и организаторите на настанот им честитаа на Марија Митреска за одличната глума и за говорењето на францускиот јазик, на професорот Маринко Шлакески, на професорката Мирјана Бошковска и на целиот тим од Гимназија кој ја реализира оваа претстава.

Loading