ЖЕНА И ДОБИТОК НЕ УМИРА ОД ЧОТЕК

Чоек секојпат жена и добиток че удри, че тепа, че мава колко шо може. Тија не умират од чотекот. Ама еден саат че се погоди лош. Таксират, че да страда! Во 24 сати има еден лош, нестрејчен. Ако прајиш на тој сат, че се напрај зијан. Тој сат не го знајеме, а да го знаје, чоек че се чува, да не страда на лош сат.

Џоа не е лага! Се прикажује, ко вистина во Марио. Еден чоек и жена во Галишта зеле да ја вршат бројаница на гумното со волови, а онаја работила домашната работа. Тако работиле, работиле. Ама около ручек зело времето да се натурлило, за дож да врне. Мажо свикал по жената.

-Мори, што прајиш? Се натурли времето, че врне!.

Жената уште работи тамо и не оди на гумно, оти си има работа.

Маж се насрди, го измакна стежеро од гумното и се намана на жената десетина пати! На грешка, на некајне ја отепал. А, малу ја удрил. Ама џаволо силеше в лош сат да се погоди! Жена умрела од чотекот, а мажот останал сам!

Си муабети сам и стенка:

-Леле, леле! Стопанката, имам два кутла ореј, а сеа кој че ги јаде, кој че ги чува.

Од тоа време Мариоецо, секојпат ко че одел на пазар, прикажувал, оти останал без жена, оти лош саат се погодил, и сеа нема кој да му ги јади орејте!

Loading