ВО ПОСЕТА НА ИСТАНБУЛ

Talevski vo TurcijaПретседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски

Претседателот на Советот на Општината, Миле Талевски заедно со прилепска делегација, беше во неколку дневна посета на Општината Бајрампаша, во Истанбул. Првиот човек на општинскиот совет, имаше срдечен пречек кај градоначалникот Атила Ајдине. Имаа успешна и плодна работна средба. Како млад човек пред кого претстои успешна иднина, Талевски достоинствено го претстави Прилеп.

Покрај разговорите со градоначалникот на Општина Бајрампаша, Талевски оствари средби и со Претседателот и членовите на здружението на прилепчани кои живеат во Истанбул од кои доби благодарница и кои не ги забораваат корените на претците посебно во Канатларци.

Во прилепската делегација беше и пратеникот Хари Локвенец.

Loading