ОТВОРЕНИ ТРИ МАРКЕТИ ВО ЕДЕН ДЕН

Предвелигденско освежување

Три супермаркети во еден ден добија прилепчани. Во средата, на  пазарниот ден пред најголемиот православен празник Велигден беа отворени три нови продажни простори со прехранбена и техничка стока. Со тоа граѓаните добија поголема понуда на артикли со пристапни цени.

На вториот кат од Стоковната куќа, Стибера ексклузив отвори нов хоме центар. Продажниот салон е трет и тоа на локација во строгиот центар на градот. На свеченото отворање имаа многу изненадувања и попусти за посетителите. На излезот од Прилеп, кај Могилата отворен е Ангромаркет. Соработуваат со Нептун. Располагаат со богата палета на прехранбени производи. Наспроти поранешниот Пионерски дом пак, никна маркет од Стокомак со пониски цени на сите производи и можност прилепчани да заштедат денар повеќе.  

Отворањето на големите маркети покажува дека Прилеп е атрактивен за трговците, или дека се зголемува куповната моќ на сограѓаните. Економистите велат дека конкуренцијата е добра за потрошувачите.

Loading