НАСЕКАДЕ МЕДАЛИ ЗА МЛАДОСТ 96

Пинг-понг

Пролетва носи многу успеси за младите пингпонгари на Младост 96. По вториот бодовен турнир „Телеком“, каде второто место го освои Петар Костовски, следеа одлични резултати на Државното сениорско до 21 година. Шампион стана токму Костовски, а третото место го доби Александар Рикалоски. Петти за пионерот беше Лука Огненоски. Во двојки вицешампиони се Костовски – Рикалоски, а на големо изненадување третото место е за Лука Огненоски – Наум Наумоски, пионерите од Школата на Кире Ѓорѓиески.

Успех и во Супер лигата, каде со 4-1 се совладани Рисови од Скопје.

Loading