ДОМАШНА БОЗА

boza

Состојки, 1 чаши (од 200мл) брашно, 2 чаши (од 200 мл) шеќер, 3 литри вода, 1/2 чаша (100мл.) боза за потквас или 20 гр свеж квасец.

Се става брашното во тенџерето и се пече на суво на тивка температура. Пожелно е да се меша постојано да не загори, бидејки бозата после ќе горчи. Кога брашното ќе добие златеста боја и ќе замириса на печено (бозесто), се додава водата и се вари со постојано мешање. Ако ви се направат грутчиња, размешате со миксер. Кога убаво ќе се измеша брашното, додадете го шеќерот. Штом проврие, оставете ја смесата уште 5-6 мин да врие и мешајте. Тргнете ја на страна да се излади. На изладената смеса ставете ја бозата за маја и промешајте ја. Бозата за маја (потквас) се става на изладена смеса, да не се уништат убавите бактери што прават бозата да реже. Нема да погрешите ако ставите цела чаша боза за потквас. Доколку приготвувате со свеж квасец, ставето го во чаша со вода и половина лажичка шеќер, да стасува додека ја правите бозата. Треба да се направи пена. И овој квасец како и чашата боза се става на изладена смеса да не се уништат здравите бакетерии. Приготвената смеса се остава да ферментира на собна температура барем ден-два.

Можно е бозата да се прави со пченкарно брашно.

Боза се прави од било кое брашно и нема многу разлика.

Loading