Животот е театар во кој главните дејствија се одвиваат зад кулисите…
Х
Операцијата е успешна, а дополнително ќе се утврди дали е опериран соодветниот орган.
Х
Престанете да потпикувате под тепихот. Молците веќе го нагризаа и паркетот.
Х
Доста со нагласувањето на бруто националниот доход. Што е со бруто националната среќа?
Х
На маскенбалот сите деца носеа маски, а родителите не си ги симнаа…
Х
Откако се што можеа продадоа, на ред дојдоа – душите!
Х
Штом и врапчињата прочрчорија и тој се јави против неправилностите.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

